(ВИДЕО) Да не ни се мразат младите – Заев се сретна со Борисов – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/21 8:46 AM

(ВИДЕО) Да не ни се мразат младите – Заев се сретна со Борисов

Поранешниот премиер Бојко Борисов, беше првиот човек со кој се виде премиерот Зоран Заев по доаѓањето во Софија. Човекот до кој го потпиша Договорот за добрососедство, пред Заев беше директен – ништо да не очекувате од сегашната бугарска власт. Борисов му го кажа во лице, тоа што Заев и целата македонска и бугарска јавност го прочита во неговата синоќешна изјава.

-Доколку не пронајдеме решение, генерации и генерации Бугари и Македони ќе се мразат. Претпоставувам дека и канцеларијата на претседателот Радев ќе дефинира одкуката за евроинтеграции да биде оставена на следната влада, изјави Борисов.

Премиерот Заев истакна дека поради блискоста на нашите народи, нема да дозволи да се развие омраза помеѓу младите. Софија, според него, има особено значење за македонската интеграција бидејќи тука биле поставени контурите на Договорот од Преспа за време на самитот на ЕУ за Западен Балкан во 2018 година.

-Како чекор кон градење на пријателството и довербата е добредојдена идејата за организирање форум меѓу младите, подмладоците и младинските организации од двете земји, за да разговараат за заедничката иднината. Тоа е наша обврска како политички лидери – да бараме решенија за младите и нивната иднина, рече премиерот Заев.

За потсетување, бугарскиот актуелен премиер, Стефан Јанев, вчера за националната „БТВ“ рече дека бугарскиот став останува непроменет. Статус-квото по ова прашање го најавија и претседателот на РСМ, Стево Пендаровски, но и премиерот Зорав Заев, земајќи ја предвид техничката влада кај нашиот сосед.

Борисов и Заев во 11:30 ќе се упатат кон Владата на Република Бугарија, а во 14 часот ќе одржат прес-конференција за медиуми.

 


 

Фото:

Facebook / Zoran Zaev