Специјално од Букурешт за ММС: Орце Костов
Македонските фанови уште еднаш докажаа дека се едни од најмирољубивите навивачи во Европа. Додека фалангата ја пееше химната на Македонија случајно поминаа Украинци и веднаш се стаписаа.
– Не се плашете, дојдете да се сликаме заедно, ние сме едно големо фудбалско семејство. Вака братски да го најавиме утрешниот меч во кој ние ќе се радуваме на победа – им порачаа нашите фанови на Украинците пред да застанат сите заедно пред објективот на ММС.
Полицијата е се побројна во Букурешт затоа што вечерва се очекуваат украинските фанови во стариот дел на Букурешт каде што всушност е забавата на Еуро2020.
Фото: Вангел Тануровски