Во кошаркарски жаргон и народски кажано, Денвер Нагетс „доби метла“ од Феникс Санс во полуфиналето на Западната конференција, неуспевајќи да го порази противникот од Аризона ниту еднаш.
Разбирливо, таквиот сооднос на теренот и неприфатливиот резултат на екипата со големи амбиции, но и со многу тековни пехови кои ја забавија играта и влијаеа врз она што се случува на паркетот, знае да создаде фрустрации, особено кај оние кои „на грб“ практично ја изнеле целата приказна.
МВП-то во НБА лигата за сезоната 2020/21, Никола Јокиќ, на последниот дуел против Санс на домашен терен заработи директно исклучување од игра, поради наводен неспортски фаул што го виде судијата.
Навивачите во салата, вклучувајќи го и најблиското семејство на српскиот центар, бурно реагираа на одлуката на арбитарот и ситуацијата која следуваше потоа.
This angle of Jokic’s brothers during his run-in with Booker 😳
(via @LeBatardShow & Konner Fritz) pic.twitter.com/kvR5brSmsN
— Bleacher Report (@BleacherReport) June 15, 2021
Екс-играчот на Мега влезе во клинч со Девон Букер, а малку недостасуваше и неговите двајца браќа да ги прескокнат рекламите и обезбедувањето и да земат учество во мешаницата. Пцовките како неизбежен дел од „балканскиот фолклор“ не изостанаа и овојпат, заедно со по некоја стандардна клетва од типот „да даде Господ да не станеш никогаш“
Според реакциите, на неправедното исклучување на играчот број еден во НБА, таквото сценарио не беше толку далечно. Сепак, замислете, само замислете што би се случило доколку овој натпревар некаде се одиграше во Смедерево, Белград, Чачак и на кое место би се нашле постарите браќа на Јокиќ со брзина на светлината.
Фото:
д.ј