(видео) Параглејдерист повреди гледачи откако слета на стадионот пред мечот Франција – Германија – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/21 9:38 AM

(видео) Параглејдерист повреди гледачи откако слета на стадионот пред мечот Франција – Германија

УЕФА соопшти дека „неколку лица“ се лекуваат во болницата за повредите предизвикани од демонстрант, кој со падобран слета на стадионот пред мечот натпреварот на Франција и Германија во Минхен на ЕУРО 2021.

УЕФА соопшти дека полицијата ќе ги преземе неопходните мерки“ за, како што рече, „несовесно и опасно“ дело. Остатоци паднаа на теренот и на главната трибина откако падобранот се заплетка во жици за надземна камера.


Демонстрантот носеше транспарент: „Откажете се од нафтата. Зелен мир“.Уапсен е и однесен на распит во полиција.

Дуелот заврши со победа на Франција со 1:0.