Полицијата денеска ја добива бонус платата за 2020 година – ММС
ММС

Објавено на: 06/16/21 9:18 AM

Полицијата денеска ја добива бонус платата за 2020 година

Македонската полиција денска ја добива бонус платата за прекувремената работа  која ја оствариле за 2020 година.

– Денеска на 4.471 вработени во Министерството за внатрешни работи, кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на 2020 година, ќе им биде исплатена бонус платата во поединечен нето износ од 27.182 денари. За оваа намена од буџетот на МВР издвоивме 121.530.722 денари, односно 135.033.142 денари во вкупен бруто износ со вклучен данок, средства плански обезбедени и најавени уште во декември 2020.Ова е резултат на заложбите на ова раководство на МВР за подигање на социјалниот статус на полициските службеници, покрај севкупното подобрување на професионалните услови за работа, поаѓајќи од фактот дека само задоволна полиција претставува ефикасен сервис на граѓаните, работи со полн капацитет и легитимитет и испорачува резултати во активностите за справување со криминалот.Со исплатените бонус плати за 2017, 2018, 2019 и оваа, за 2020 година, вработените во МВР сега знаат дека нивниот труд и пожртвуваноста се вреднуваат и наградуваат – нешто што претходно претставуваше невозможна мисија.Продолжувајќи со силна мотивираност да ги градиме севкупните капацитети на МВР, одговорно тврдам дека во наредниот период со уште поголема енергија ќе се посветиме на воспоставување на европски стандарди во полицијата за да можеме да претендираме на уште подобри резултати во работењето, во полза на сите граѓани на Република Северна Македонија, стои во соопштението на МВР.