(Фотогалерија) Романките воодушевени од македонските ора и песни – ММС
ММС

Објавено на: 06/15/21 10:15 PM

(Фотогалерија) Романките воодушевени од македонските ора и песни

Специјално за ММС од Букурешт, Орце Костов

Ниту поразот од Австрија, ниту заморот и повремените силни дождови не ги поколебаа македонските навивачи паузата од три дена помеѓу двата натпревари од Еуро2020 кои Македонија ги игра во Букурешт, да биде исполнета со пеење и навивање во рестораните и кафулињата.

“Ој Вардаре“, “Ќе пијам ќе лумпувам“, “Македонско девојче“ и другите песни ечат од  рестораните, македонските фанови играат оро, а случајните минувачи застануваат и прават кратки видеа за славјето на Македонците.

Тимот на ММС ги следи и известува од настаните во Букурешт, а преку објективот на фотографот Вангел Тануровски ќе го доближи Еуро2020 поблиску до читателите и гледачите.  Ова се некои од најдобрите фотографии од трите дена Европско првенство во Букурешт: