Освен луѓето, сега и кравите ќе носат маски кои чинат 80 долари – ММС
ММС

Објавено на: 06/15/21 9:53 PM

Освен луѓето, сега и кравите ќе носат маски кои чинат 80 долари

После маските за луѓето за да се спречи ширењето на аеросоли кои го носат вирусот „Ковид-19“, гигантот за храна „Каргил“ најавува продажба на маски кои, како што тврдат, треба да ја спречат емисијата на метан предизвикана од подригнување на кравите со цел да се намали ефектот на стаклена градина.

Фабриките за месо и млечни производи веќе подолго време се под голем притисок да го решат проблемот со емисиите на метан произведени од говеда.

Обединетите нации проценуваат дека 15 проценти од глобалните емисии се предизвикани од добиток, а значителен дел доаѓа од сточарството.

За да се реши овој проблем, земјоделската компанија Каргил нуди поддршка на индустријата со маски кои апсорбираат метан.

Маските ќе бидат опремени со вентилатори, напојувани од соларни батерии кои го цицаат метанот по подригнувањето. Филтерот апсорбира метан, а по заситеноста на филтерот, хемиската реакција го претвора метанот во CO2, кој потоа се ослободува.

Проценето е дека маската за крави, изработена од британскиот стартап „Zeld Ltd“, ќе чини околу 80 долари за крава.

Паралелно со оваа иницијатива, се предлагаат и други решенија, како што е промена на исхраната кај добитокот со цел да се намали отокот на кравите или емисиите на метан како последица.

Извор: rs-lat.sputniknews.com/