Водечкиот сопственик на трговски центри во САД, компанијата „Вашингтон премиер груп“, поднесе барање за банкрот. Компанијата, која поседува објекти на повеќе од 100 локации, ја објаснува одлуката со проблемите предизвикани од пандемијата. Меѓу причините за банкрот се и последиците од заклучувањето и намалувањето на закупнината на локалите.
-Овие мерки предизвикаа голем пад на продажбата на храна во трговските центри и ресторани, како и на други производи во малопродажните објекти. Пандемијата на короналниот вирус се покажа како несовладлива – наведе компанијата во документот доставен до тексашкиот суд за прашања за банкрот.
Вкупниот долг на компанијата е 3,5 милијарди долари. И други две американски компании кои поседуваат трговски центри започнаа стечајна постапка и навеле слични проблеми. И нивните главни станари поднеле барања за банкрот.
Извор: Новости.рс