Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал заедно со СВР Охрид на 14.06.2021 на подрачјето на Охрид лишија од слобода две лица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и против нив од страна на СВР Охрид е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Охрид, по што ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен Суд Охрид, информираат од МВР.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, работејќи на полето на сузбивање на организирани криминални групи кои вршат производство и недозволена трговија со наркотични дроги на национално и меѓународно ниво, заедно со полициски службеници од СВР Охрид спроведоа заедничка координирана акција на подрачјето на Охрид, при што во близина на болницата „Свети Еразмо“ во Охрид беа пронајдени и запленети 1243 стебла Канабис сатива.