Додека Џеј Ло го љуби Афлек, нејзиниот поранешен фатен со убавата актерка – ММС
ММС

Објавено на: 06/14/21 7:11 PM

Додека Џеј Ло го љуби Афлек, нејзиниот поранешен фатен со убавата актерка

Алекс Родригез во Њујорк е фотографиран во како излегува од станбена зграда на Менхетен каде што живее актерката Кејти Холмс, за време на помирувањето на неговата поранешна свршеница Џенифер Лопез со актерот Бен Афлек.

Имено, сите се прашуваат дали на повидок е нова романса откако поранешниот бејзбол играч ја напушти зградата на поранешната сопруга на Том Круз, а по тој повод изгледаше многу опуштено и не е познато дали актерката била на таа адреса за време неговата посета.

Алекс излегол од зградата во бела маица и беж пантолони, додека носел очила за сонце на главата и таблет во раката. Не е потврдено зошто Алекс бил во таа зграда, но тој брзо влегол во автомобилот и продолжил понатаму.

„Ју, ју, што прават луѓето?“, „Нова романса на хоризонтот“, „Одмазда за Џеј Ло“, „Хаха, невозможно е и тие да се заедно“, беа коментарите на обожавателите.

Да потсетиме, Џеј Ло се смири со Бен Афлек многу бргу откако ја раскина свршувачката со Алекс, по 17 години, но некое време тие ја криеја романсата и покрај фотографиите од папараците на кои јасно се гледа дека престојуваат во иста куќа.

Извор: Телеграф.рс