Само еден хоспитализиран пациент во Скопје во последните 24 часа, на инфективните одделенија низ земјава има 99 пациенти – ММС
ММС

Објавено на: 06/14/21 10:28 AM

Само еден хоспитализиран пациент во Скопје во последните 24 часа, на инфективните одделенија низ земјава има 99 пациенти

Во последните 24 часа во ковид центрите во Скопје, поради компликации од коронавирусот, има хоспитализирано само еден нов пациент. Тој е примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

На инфективните одделенија во главниот град се лекуваат вкупно 34 сомнителни или позитивни на коронавирус. Во  ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат двајца пациенти, 13 има во ГОБ, а 19 на Клиниката за инфективни болести.

Во болниците низ земјава се лекуваат 65 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

– По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 3 пациенти, во Велес се лекуваат 6 болни, а во Куманово 15 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 6 пациенти, во Прилеп 3, во ковид центарот во Гостивар 8, а во Струга 4 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 9 пациенти, во Кичево 2 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот, се наведува во соопштението од МЗ.

Од министерството информираат и дека бројот на приеми во изминатите денови се намалува.