Панчо од ДНК замина за Букурешт за да ја бодри македонската фудбалска репрезентација на натпреварите со Австрија и Украина. Тој, како страствен навивач на нашите златни момчиња им ја дава целосната поддршка и како што изјави за ММС, воопшто не е разочаран од вчерашниот пораз.
-Воопшто не сум разочаран. Таман работа. Со ова пто го направија ни остварија сон на многу генерации. Атмосферата беше ежење. Ништо не е изгубено. Одим понатаму. Не бевме во грч, имаше само голема желба за победа кај сите. Мислам дека дури и поголемиот дел од мечот бевме подобри, но не секогаш подобриот победува. Важно е дека сме горди и многу сме среќни што ни дозволија да им направиме песна, што ги опеавме и што ја направивме од срце. Се пее, ја пуштаат. Едноставно со еден збор сум им благодарен што ни овозможија да ја пееме националната химна и чувството е феноменално. Воодушевен сум и капа им симнувам на сите нив, рече Панчо.
View this post on Instagram