Според партијата многу ученици и родители изминативе денови пријавиле дека од нив е побарано пари за сведителствата.
„Знаејќи дека законот на сила и последното соопштение од Министерството за образование и наука (МОН) велат дека документацијата на завршната година се обезбедува од Бирото за образование, ние како Алијанса јавно прашуваме: Кој ги ограбува тетовските ученици и нивните родители? – Од кој центар доаѓаат наредбите за да им се земат пари повторно? – Нам ни е јасно дека жртви на овие шеми се и тетовските учители, наставници и професори кои што некој ги става во тешка положба и пред сè бараме разбирање за нив, што и така се прегазени од неисплаќањето за додатната работа за време на пандемијата. Но, жртви се и учениците и родителите на Тетово, кои по многу трошоци за обезбедување компјутерска опрема, телефони и интернет, сега се принудени да плаќаат и за сведителства“, рече Музафер Етеми претседател на тетовскиот огранок на Алијанса за Албанците.
Од партијата ги повикаа ДУИ како владеачка партија итно да престанат како што рекоа со оваа ниска форма на корупција и злоупотреба.
Од Алијансата за Албанците ги повикаа родителите учениците и наставниците да не молчат и да го пријават како што рекоа секој секој обид за кражба, грабеж и корупција во Тетово.
Зоран Димовски