Европската агенција за лекови (ЕМА) денес објави дека треба да се избегнува апликација на вакцината Астразенека против коронавирусот кај лица постари од 60 години, поради стравувања од ретка појава на згрутчување на крвта, изјави денеска шефот на работната група за коронавирусот на агенцијата, Марко Кавалери.
Тој за италијанскиот весник „Стампа“ изјави дека позицијата на ЕМА е сепак дека во контекст на пандемија, придобивките од вакцината се поголеми од можните ризици кај сите возрасни групи, пренесува Ројтерс.
Кавалиери изјави дека, имајќи предвид дека епидемијата се намалува и дека младите се помалку изложени на ризици поврзани со коронавирусот, ЕМА смета дека би било подобро за нив да се користат вакцини засновани на mRNA технологија, како што се Модерната или Фајзер.
Тој изјави дека препораката важи и за постари од 60 години и потсети дека Франција и Германија одлучија да ја избегнат Астразенека за постари од 60 години.
Преземено од: http://www.rtv.rs/