Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска прослави 30 години постоење. По тој повод конференцијата беше нассловена „Ние сме иднината“ која се одржа во античкиот театар Хераклеа во Битола.
Христијан Мицковски лидерот на партијата се обрати до своите млади сопартијци и изјави дека од Хераклеја почнува победата
– 30 години расадник на кадри, двигател и енергија на промените, авангарда која трае, иднината на нашата партија, но поважно – иднината на нашата земја, рече Мицковски.
И во оваа прилика тој соопшти дека и во понеделник и вторник повторно ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе на протест на скопските улици. Претседателот на апартијата се заблагодари до граѓаните за трпението кое досега го искажаа поради блокирањето на улиците во главниот град.