(ВИДЕО) Повеќејазичноста во Кина ја има на банкнотите, но кинескиот е официјален и задолжителен јазик, вели Игор Радев – ММС
ММС

Објавено на: 06/12/21 10:11 AM

(ВИДЕО) Повеќејазичноста во Кина ја има на банкнотите, но кинескиот е официјален и задолжителен јазик, вели Игор Радев

Теориите на заговор секогаш се раѓаат во сложен свет, кога луѓето не можат да ги разберат сложностите на ситуацијата луѓето си бараат решени, вели Игор Радев, филолог синолог, експерт за Кина во емсијата „Стадион“ на Радио Канал 77, на прашање во однос на теориите на заговор за појавата на корона вирусот.

Радев десетина години живеел во Кина, во првите четири години живеел во Вухан, таму  магистрирал на лингвистика и применета лингвистика, потоа докторирал во Пекинг. За Вухан ќе каже дека е  огромен град со 14 милиони жители.

„Разликата е во тоа што некои таму доаѓаат по работа и студенти, тоа е Универзитетски град, еден од најголемите универзитетски центри во Кина. По глава жител Вухан има најголем број на Универзитети во земјата. Кога ќе кажеме Универзитет, тоа не е како кај нас, јас кога бев во Вухан таму имаше 22 илијади студенти и професори се на кампусот. А, во Вухан има околу 40-на Универзитети, по 20 –на, 10 –на, 30 –ти илјади и поголеми. Вкупно по студентка популација во Вухан е помеѓу милион ипол до два милиони студнети“, вели Радев.

Тој раскажа дека во неговата последна колумна ја навел статијата на „Nature“ американското научно списание каде што била објавена ранг листа на 200-те најзаслужни  градови за науката од претходната година 2020.

„На прво место беше Пекинг, Вухан конкретно беше на 13 место, а за споредба Лондон е на 14 то, Берлин на 22 –ро место. Научниот развој во Кина во изминативе две децении е вртоглав и ние не сме свесни. Целиот тој образовен сектор, универзитетски, научно истражувачки, развојна технологија колку е напредната во Кина, во однос на другите земји, посебно западно Европските далеку заостануваат. Американците се држат, имаат и тие истражувања, истражувачки центри, развојни истражувања и итн., но сметам дека еверопските земји заостануваат. Според мој впечаток Русија е повеќе сконцентрирана на воени технологии“, вели Радев, кој раскажа дека за време на пандемијата не бил во Кина, во Македонија е веќе две години, последен пат бил на крајот во 2018 година.

Радев сподели неколку интересни факти за Кина, што се однесува до војската, но и до двојазичноста во оваа држава.

„Воениот буџет на Кина е пет пати помал од американскиот, иако Кина има четири пати повеќе народ за бранење  територија малку поголема од американската. Но сепак Армијата, според американскио буџет е пет пати помал. Војската во Кина е професионална, нема таму служење воен рок, одамна е укинат воениот рок. Колку што знам на факултет имаат еден месец, некоја општо народна обука, прва година, во првиот месец. Во Кина официјален јазик е литературен кинески или мандарински, но имаат и официјален статус и за другите национални јазици на малцинства. Во Кина има околу 55 национални малцинства, со своја автонимија и територија кои што се двојазични. Во Кина и на банкнотите има двојазичност, освен кинески, банкнотата е означена со тибетски, монголски, унгурски и џуански јазик. Колку што мене ми е позната во највисокиот законодавен орган тоа е Националното собрание на народните претставнци, официјални се пет јазика, иако задолително е познавање на кинески јазик. Едиснтвено задолжително записникот мора да се води на кинески, а право на збор таму може освен на кинески, и на монголски, џуански, унгурски и тибетски“, изјави Радев во „Стадион“.

Писмениот јазик е ист затоа што кинеското писмо е логографско,  вели Радев за разлика од нашето писмо, кога индивидуалните букви кодираат гласови, кај нив знаците кодираат зборови. Кога е напишан текстот без разлика во кој говор како да го изговориш значењето е исто. Еден знак значи цел збор.

„Корејскиот и јапонскиот немаат никава родова врска со кинескиот јазик, структурално се исто сосема различни, кинескиот е аналитичен јазик, тоа значи дека зборовите немаат морфолошки промени, нема род, број, член, глаголско време. Додека корејскиот и јапонскиот јазик се англутинативни јазици, тоа значи дека морфолошката промена во самите зборови е голема. Ако бараме некои далечни родови врски на кинескиот и корејскиот постојат хипотези дека тие припаѓаат на алтајската група јазици, каде што припаѓа и турскиот и монгослкиот јазик. Кинексиот јазик има огромно влијание како јазик на културата, на цела источна Азија има огромно влијание и во јапонскиот и во корејскиот јазик, и во јапонскиот и во корејскиот јазик има голем број на заемки од кинексиот јазик. Како што во европските јазици има заемки од грчкиот и од латинскиот јазик. И во Кореја и во Јапонија прифатено е кинеското писмо“, изјави Радев.

Г.Д