Дваесет и четири репрезентации поделени во шест групи, една во одбрана, а дваесет и три од нив во битка за европскиот трофеј.
Неверојатната изведба на „Nesun Dorma“ од врвниот вокал Андреа Бочели, го означи почетокот на Европското фудбалско првенство 2020 на легендарниот стадион „Олимпико“ во Рим.
Знамињата на сите репрезентации учесници на овој задоцнет, поради објективни причини шампионат, вклучувајќи го и она македонското, се вееја на стадионот во главниот град на Италија.
Euros Opening Ceremony the great Andrea Bocelli! #EURO2020 pic.twitter.com/N7JMKk7fVs
— the Sports ON Tap (@thesportsontap) June 11, 2021
На добропознатите ноти на планетарниот хит на Бочели, му претходеше изведбата на официјалната химна на ЕУРО 2020, од страна на диџејот Мартин Гарикс, Боно Вокс и The Edge од U2 – „We are the people“.
Наместо Дани Макели, топката на средината на теренот пред првиот судиски свиреж ја донесе мини-автомобил управуван од далечина.
Сцената е поставена, Италија и Турција ќе ве воведат во уживањето од времетраење од 30 денови. Од фудбал никогаш доста.
Фото:
Twitter / @EURO2020
д.ј