Македонскиот кошаркар им даде голема поддршка на македонските фудбалери кои заминаа на Евро2020 година во Букурешт.
Антиќ е првиот Македонец кој го има освоено три европски круни.
Перо Антиќ има освоено три европски круни, две со Олимпијакос и една со Фенербахче.
Исто така Перо Антиќ е прв Македонец кој играл за NBA, и прв Македонец кој дал тројка во NBA, кошаркар со големо искуство па несебично испрати убава порака до нашите фудбалери за кои рече дека поддршката сега им е најпотребна.
-Македонските фудбалери заслужуваат сѐ најдобро. Секоја поддршка им е потребна. Можам само да им кажам – момци глава горе, не читајте ништо и само уживајте на теренот, рече тој.
Целиот разговор со Перо Антиќ можете да го погледнете ТУКА
–