Повеќе од 30 часа ја нема 16-годишната Наташа Н. од кочанската населба Оризари, додека избезумените родители и нивните роднини и пријатели ја пребаруваат населбата и околината на Кочани. Го следат секој слушнат глас, вклучувајќи ја шекулацијата дека повици за помош биле слушнати близу Браната Гратче.
Девојчето вчера изутрина во 8 часот, заминало во училиштето во Оризари , како што изјавило, да ги врати книгите и дома не се вратило. Наташа била недостапна на телефон. При преглед на училишните камери, не било забележано нејзиното доаѓа во училиштето. Според СВР Штип, исчезнувањето го пријавил таткото.
-На 10.06.2021 во 23.30 часот во Полициската станица Кочани, Ј.Н.(53) од н.Оризари, кочанско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Н.Н.(16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопшти СВР Штип.
Близок родинина на Наташа потврди дека семејството вчера и денеска се организира со потраги по околината, но засега без успех.
Во меѓувреме, полицијата работи на случајот и ги следи сите можни траги. Од училиштето потврдуваат дека се работи за повлечено девојче, но, нема дополнителни информации кои би користеле понатаму во истрагата. Наташа заврши прва година во СОУ „Ѓошо Викентиев“ во Кочани.
Семејството упати апел доколку биде забележано девојчето, да пријават. Наташа има темна долга коса и носи очила, облечена е во тренерки со ранче на неа.