Ангелов: Бајден не може да изврши ников притисок, Бугарија само си ги штити националните интереси – ММС
ММС

Објавено на: 06/11/21 11:53 AM

Ангелов: Бајден не може да изврши ников притисок, Бугарија само си ги штити националните интереси

Американскиот претседател Џо Бајден не може да изврши никаков притисок врз разговорите меѓу Македонија и Бугарија при денешните средби со Бугарските власти , изјави денеска во Дојран, бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов.

„Илузорно е некој да врши притисок. Бугарија само си ги штити националните интереси“, изјави Ангелов.

Во врска со протестите и блокади на ВМРО-ДПМНЕ со кои се бара  увид  во документот  за преговарачката рамка по кои се одвиваат разговорите со Бугарија, бугарскиот амбасадор вели дека нема ништо спорно ниту штетно.

„Течат разговорите , тоа не е тајна за никого. Ние работиме со цел да се постигне некој позитивен исход до 22 јуни“, одговори Ангелов.

Во врска со донацијата на вакцини од Бугарија, тој информираше дека се уште се чека на дозвола од ЕУ.

„ Таму процедурите се тешки, ние работиме на тоа и очекуваме Брисел да ни даде зелено светло“.

Сепак, по иницијатива на доктор Милен Радевски, додаде Ангелов,  отворени се два пункта на Граничните премини  кај Делчево и Ново Село, каде што можат да се вакцинираат сите македонски граѓани кои што тоа го сакаат  и дека се обидуваат да се обезбедат од сите вакцини, не само од Астразенека и Фајзер.