Денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ најавија изградба на нова детска градинка во населбата Пролет, за која се издвоени 133 милиони денари од буџетот на општина Центар, а оперативните работи ќе стартуваат после средината на јули.
На новинарско прашање до градоначалникот Богдановиќ, за сечата на дрвја на улицата „Орце Николов“, како сега тие дрва пречат, а во 2019 година не пречеле, Богдановиќ рече дека веќе најавиле дека нема да недостасува ниту едно дрво, односно дека ќе се засади ново на местото на кое било претходно.
-На терен се луѓе и се засадуваат нови. На „Орце Николов“ има 171 дрво, при работа е утврдено дека 13 дрва се опасност за граѓаните и безбедноста. Подобро е да се отстранат, на истите места ке бидат засадени нови. Отстранети се дрвја што се болни, дрвја шрто немале корени, шупливи и подобро е да бидат отстранети. Не се отстранува дрва за да никне објект, туку да не настрада некој. Од 13 решенија, отстранети се осум, а на нивно место ќе бидат засадени нови, рече Богдановиќ.
Моника П.Насковска