Дарио Ивановски на предпоследното место во квалификациите на ЕАП во Берлин – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/18 12:53 PM

Дарио Ивановски на предпоследното место во квалификациите на ЕАП во Берлин

Единствениот македонски претставник во машка конкуренција на Европското атлетско првенство во Берлин, Дарио Ивановски, го заврши својот настап на претпоследното место во квалификациите на 1.500 метри.

Ивановски оствари резултат 3:57.52 минути доволно да биде подобар само од Карлес Гомес од Андора.

Во квалификациите настапија 34 тркачи поделени во три групи, а најдоброто време го истрча Џек Вајтман од Велика Британија – 3:40.73 минути.

Вчера на евро-шампионатот учествуваше (400 метри) и Дрита Ислами, која исто како и Илиевски имаше симболичен настап.