„Касандра“ веројатно е најгледаната латиноамериканска теленовела на сите времиња на овие простори. Речиси нема кој не ги знае Касандра, Игнасио, Луис Давид, Ранду и Доринда.
Познатиот Ранду, за кого Касандра била ветена невеста, бил заљубен до уши во неа, а во серијата беше фрлач на ножеви во циркуз.
Актерот кој го играше Ранду се вика Хенри Сото и денес има 60 години, а судејќи по фотографиите, денес не изгледа ни малку како познатиот лик од серијата.
Иако го паметиме по долгата црна коса и марамите, Хенри денеска има кратка коса, а покрај тоа и брада.
После толку години, повторно го поврзуваат со Касандра, а ниту тој самиот не заборавил на познатата улога и често објавува снимки од оваа серија.
View this post on Instagram
Хенри денес игра во театар и се занимава со хуманитарна работа.
Извор: Espreso.co.rs