Никогаш не ги фрлајте дршките од јагодите, не сте свесни колку се добри за здравјето – ММС
ММС

Објавено на: 06/10/21 11:30 AM

Никогаш не ги фрлајте дршките од јагодите, не сте свесни колку се добри за здравјето

Сите ги фрламе дршката и лисјата од јагодите и правиме голема грешка. Ако ги исушите и од нив направите чај, ќе добиете многу моќен и здрав напиток кој позитивно влијае на целиот организам.

Дршката и лисјата на јагода имаат повеќе витамин Ц отколку плодот од јагодата, и ги содржат истите микроелементи како и овошјето.

За што е добар овој чај?

Чаевите од дршките и лисјата од јагоди, како и самите јагоди, го зајакнуваат нервниот систем и делуваат против стресот, го намалуваат заморот, помагаат при депресивни состојби, крвни заболувања и се користат за подобрување на состојбата на бубрезите.

Овие зелени делови од растението се драгоцени за дијабетичарите, бидејќи тие можат да влијаат на нормализирање на шеќерот во крвта.

Тие се корисни при закрепнување од болест, го зајакнуваат имунитетот, спречуваат стомачни заболувања, помагаат при лекување на артритис, ревматизам, анемија, олеснување на тегоби, имаат корисен ефект врз зголемениот холестерол и високиот крвен притисок. Покрај тоа, јагодите го забрзуваат метаболизмот и го забавуваат стареењето.

Подготовка на чај:

Една кафена лажичка сецкани дршки од диви или градинарски јагоди прелијте ги со чаша врела вода. Оставете да отстои покриено 20 минути. Пијте три пати на ден. Овој чај со пријатен вкус е одлична помош во лекувањето на болните од рак.

Извор: Стил.курир.рс