Вчера во периодот од 22.15 часот до 23.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во с.Желино, тетовско, сопственост на З.С.(49) од с.Желино, информираат од МВР.
При контролата било констатирано дека објектот работи спротивно на прописите на Владата донесени за работа на угостителски објекти за време на епидемија. Во објектот биле затекнати 19 лица – гости и 13 женски лица кои ги забавувале гостите. Од нив осум биле државјанки на Република Албанија и пет македонски државјанки.
Сопственикот З.С. и 13-те женски лица биле лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.