Ел Салвадор го признава биткоинот како официјално средство за плаќање – ММС
ММС

Објавено на: 06/9/21 9:17 PM

Ел Салвадор го признава биткоинот како официјално средство за плаќање

Конгресот на Ел Салвадор со големо мнозинство го усвои предлогот за признавање на криптовалутата биткоин како официјално средство за плаќање во земјата. Цената на биткоинот пораснала за околу пет отсто по донесувањето на оваа одлука.

Минатата среда претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле, го испратил овој предлог до конгресот за гласање. Овој потег на младиот Букеле доаѓа откако претходната седмица објави дека Ел Салвадор воспостави партнерство со компанијата „Strike“ за изградба на модерна финансиска инфраструктура, користејќи ја технологијата на биткоинот.

Целта на т.н „Биткоин закон“ е воведување на споменатата криптовалута во законски рамки, за да со неа трансакциите се извршуваат легално. Тоа значи дека наскоро во Ел Салвадор ќе може да се купува со биткоин, како и да се плаќаат сметки, даноци и друго, пренесува порталот „bif.rs“.

Досега во Ел Салвадор се користеше американскиот долар, а на најголемиот дел од јавноста не му е јасно како ќе фунционира оваа дигитална валута, односно како со неа ќе може да се плаќа секаде и како ќе функционира во случај на пораст или пад на нејзината вредност, со оглед на тоа дека криптовалутите се изразито нестабилни.

 

Извор:

rs.n1info.com

Фото:

Twitter