Бугарија ги отвори границите – кои се правилата? – ММС
ММС

Објавено на: 06/9/21 9:31 AM

Бугарија ги отвори границите – кои се правилата?

Мирен ден е на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково на македонско – бугарската граница. Според информациите од македонска страна, од изутрината ги нема и нашите граѓани кои ја поминуваат границата за да примат вакцина. Фајзер е најбараната вакзина, со оглед на тоа дека македонските државјани со бугарски пасош, како и бугарските граѓани, може да избираат со која вакцина сакаат да се вакцинираат. Вакцинирањето е по претходна пријава во бугарскиот систем, одредување на датум и реден број на прием на вакцина.

Што се однесува до можноста да се премине бугарската граница, по подолго време, преминот е отворен, но под услов да се покаже потврда од матичен лекар за ревакцина со поминати најмалку 14 дена, ПЦР тест, антиген тест или потврда за прележан ковид не постара од шест месеци. Од неодамна се прифаќа и негативен резултат од брз тест.

Според Венцо Џабирски, раководител на ГП Делчево, деновиве е мало затишје на границата по интензивните неколку дена. Засега преминот на македонските граѓани се одвива редовно, а Бугарите освен за признатите  вакцини од ЕМА – Фајзер и Астра зЗенека, ги прифаќаат и сертификатите Спутник В и Синофарм.