Кога луѓето се вакцинираат против грип или ги вакцинираат децата, дали сте чуле дека некој проверува антитела? Со вакво „контрапрашање“ вирусологот Миланко Шеклер одговори на прашањето на РТС, дали вакцинираните треба да го проверуваат нивото на антитела. Според овој српски вирусолог, вакцините многу успешно делуваат, онака како што декларирал производителот, иако антителата не се проверуваат.
„Проблемот се случи бидејќи на слободниот пазар секој за свои пари мо да проверува што сака, но суштината не е разбрана – потребно е опфатот на вакцинацијата да биде што поголем. Кога имате опфат каков што треба да имате, веќе не е важно дали некој имал високо или ниско ниво на антитела“, објаснува Шеклер.
Тој нагласува дека има различни тестови од различни производители и бесцелно е да се споредуваат.
„Кога ќе ја споредите вредноста која сте ја добиле со таква анализа, тоа ви доаѓа како да споредувате различни единици за должина. Има различни единици кои не се стандардизирани“, истакнува Шеклер.
На прашањето како без испитување на антителата ќе знаеме кој треба да прими трета доза вакцина против ковид, Шеклер вели дека постојат државни органи кои ќе донесат протоколи врз чијашто основа јасно ќе се дефинираат целите.
Според него, во случајот со кинеските вакцини праксата покажала дека луѓето кои не развиле антитела имале многу благи симптоми.
„Секој кој е вакциниран, без оглед на нивото на антителата, таа вакцина ќе си ја одработи својата работа. Во Кина 700 милиони луѓе се вакцинирани со кинеска вакцина па видете каква е епидемиолошката ситуација. Во Кина не се користат други туку кинески вакцини“, нагласува вирусологот.
Извор: informer.rs