Поради животот во Делчево и оддалеченоста од селото, како што додава Благој, тој не е во можност да ги посетува често. Планира да се врати во село Град и да живее во друга куќа, но и тогаш како што додава нема да биде во можност често да ги посетува заради секојденвните обврски. Поради тоа што куќата е стара, а и од страв да не фатат некоја болест апелира до хуманите да му помогнат на неговото родено семејство, бидејки вели дека вака тешко дека ќе имаат „живеачка” долго време.
-Брат ми како што кажав „залегна”, не може ни да јаде, ни да станува, ни да се бања и да не се изразам лошо ни да извршува основни потреби да извршува. Се што прави, прави тука во собата каде живеат со мајка ми. Ситуацијата е лоша, барам помош од јавноста, кој со што може да помогне. Значи потребно е просторијата да се окречи, да се среди, пошто многу е загадено, можат да фатат некоја болест. Кој сака да може да помогне со што и да е било со пари, со мебел, со јадење, кој колку може, додава Благој Миленковски.
Неговата седумдесет годишна мајка Радица кажа дека исто така најголем проблем им е струјата која ја немаат веќе две години. За синот Спаско, додава дека ја изгубил здравствената книшка и не знаеше да каже точно каков е неговиот здравствен проблем.
-Спаско не може, заболе, падна и на доктор го водевме, ја изгубил книшката. Нема кој да му купи апчиња, нема кој да дојде да го види да го води на лекар. Струја немаме одамна откако ми се помина вториот син Трајчо, додека тој беше жив имаше, а сега дали нешто изгорело не знам. Нема ни саат за струја, што да ти кажам синко, се е старо овде, вели Радица.
Свесна е за ситуацијата и додава дека им се потребни многу работи, но не знае како целата ситуација да се реши.