Јужнокорејски индустриски дизајнер смислил сатирично решение за т.н. „зомби- смартфони“, луѓе коишто не можат да се одделат од екранот на телефонот и многу често се удрат во ѕид или некој друг објект и предмет.
Дизајнерот Паенг Мин-вок разви роботско „трето око“, кое корисниците на паметни телефони можат да го стават на челото и со тоа да избегнат повреди при движење.
Уредот отвора прозирен капак кога чувствува дека главата на корисникот е спуштена и е свртена кон екранот на телефонот. Кога корисникот е оддалечен еден или два метри од пречката, уредот испраќа звучен сигнал за предупредување за претстојната опасност, пренесува Танјуг.
извор-vijesti.ba
Foto: Yahoo.com