100 милиони долари за гушкање во рингот! Мејведер и јутјуберот Логан Пол ги ограбија гледачите во најлошата борба на сите времиња – ММС
ММС

Објавено на: 06/7/21 8:44 AM

100 милиони долари за гушкање во рингот! Мејведер и јутјуберот Логан Пол ги ограбија гледачите во најлошата борба на сите времиња

Боксерската икона Флојд Мејведер се одлучи да влезе во рингот со Јутјуб сензацијата Логан Пол и многу добро го наплатија својот меч по мотото „спектакл на годинатс“, но сите кои останаа до доцна во ноќта да гледаат на ТВ или дадоа пари за мечот, жестоко се каат!

Двајцата разочараа во мечот кој заврши без нокаут, а по договорањето и без победник затоа што немаше пресуди од судиите.

Борбата беше толку лоша што фановите им исвиркуваа боксерите помеѓу кои има 18 години и 15 килограми разлика, а тие повеќе се гушкаа отколку што навистина се трудеа да го добијат дуелот.

Сепак, за разлика од публиката, тие двајца нема да си заминат разочарани од рингот затоа што заработија повеќе од 100 милиони долари од борба без ризик.

Мејведер заработи најмалку 35 милиони долари, а ако продажбата на видеото од борбата одела добро, тогаш ќе има ќар и до 90 милиони долари. Пол доби 250.000 долари за борвата и 10% од заработката од ППВ (плати за да гледаш) што се проценува на 20 милиони долари.

Најбогатиот спортист во светот во 2017 година се повлече, но и натаму сака да излегува од пензија и да заработи лесни пари, па во најавата пред борбата рече дека ова е „легален грабеж на банките“.

Извор: Mondo.rs

фото: The Guardian