Големо невреме во Врање: Улиците буквално се претворија во реки, дрво падна на сред улица – ММС
ММС

Објавено на: 06/6/21 6:50 PM

Големо невреме во Врање: Улиците буквално се претворија во реки, дрво падна на сред улица

Околу 13.30 часот силно невреме го зафати и Врање. Почна да  врне  силен дожд и за кратко време улиците се претворија во реки.

Висината на водата на некои места била околу половина метар, а на раскрсницата од улиците Вула Антиќ и Караѓорѓева падна дрво на патот.

На социјалните мрежи кружат снимки од градот, кои покажуваат колку е невозможно да се премине улицата, бидејќи водата достигнува скоро до колена.