Прекината забава во Скопје, приведени 14 лица, 10 биле малолетници – ММС
ММС

Објавено на: 06/6/21 1:56 PM

Прекината забава во Скопје, приведени 14 лица, 10 биле малолетници

Во раните утрински часови, Полицијата прекинала забава на малолетници. Според информациите од МВР, постапувано е по претходна пријава и врз основа на судска наредба.

„Денеска (06.06.2021) во 03.49 часот, по претходна пријава и врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Центар и Бит Пазар извршиле контрола во домот во кој престојува В.М.(24) од Скопје. При контролата, освен В.Г., биле затекнати уште 13 лица (три полнолетни и 10 малолетници на возраст од 16 и 17 години) и било констатирано дека не се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на Ковид 19,“ информираат од МВР.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија