Дупката, чиј дијаметар е подолг од 91 метар, се појави на фарма во сојузната провинција Пуебла. Кога се појавила, нејзиниот дијаметар бил долг 4,5 метри, но почнала да се зголемува, изјави државниот службеник за животна средина Беатриз Манрике.
Според гувернерот на Пуебла, Мигел Барбос Хуерта, дупката е исполнета со вода и е длабока скоро 20 метри. Тој посочи дека семејството од куќата, која се наоѓа во близина на дупката е иселено. Тој го повика локалното население да не се приближува до дупката. Сепак, дел од населението дошло да види за што станува збор,пренесува Klix.ba.
Таквите дупки се појавуваат најчесто кога, за време на дождот, празниот простор под површината на земјата почнува да се полни со вода. Тие можат да бидат доволно големи за да „голтнат“ автомобили, па дури и згради. Оваа дупка се претпоставува дека настанала како последица на начинот на кој се користи земјиштето во оваа област.
фото- Foto:JOSE CASTAÑARES / AFP / Profimedia