Нема недопирливи-Случаите со Рашковски и Мијалков, се потврда за тоа, тврди Николовски – ММС
ММС

Објавено на: 06/6/21 12:25 PM

Нема недопирливи-Случаите со Рашковски и Мијалков, се потврда за тоа, тврди Николовски

„Наше е да обезбедиме отвореност и транспарентност, да нема недопирливи. Овие случаи со Сашо Мијалков и Драги Рашковски и сите останати, денес потврдуваат дека нема недопирливи. Треба да се знае кој за што е одговорен, не можам да коментирам дали некој е невин или да навлагам во судски постапки,“ одговори денеска заменик-претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски прашан за одлуката на обвинителството дека нема одговорност за Сашо Мијалков дека не бил дома кога требало да му се достави решение за куќен притвор и за одлуката за Драги Рашковски да се брани од слобода.

„Системски го променуваме работите за кои одговорност треба да има за секој. Ако пред некоја година институциите биле затворени за јавноста и медиумите, денеска институциите се отворени, ова е доказ дека само со отвореност и достапност до информацииите може општеството да напредува и може да има правда за секој, да не може да се сокриваат предмети и случаи, да не стојат истрагите и да влијае човечкиот фактор или политиката. Мислам дека конечно ги ослободивме институциите, а судството и обвинителството треба да си продолжат да си ја вршат својата работа и да бараат одговорност во случаите, нагласи Николовски.