Бугарскиот историчар, професорот Стефан Дечев во интервју „Стадион“ на Радио Канал 77 вели дека заедничката комисија е на долгорочни патеки, но досега ништо не завршила работа иако мисли дека многу нешта се побрзи и појасни за решавање. Големиот проблем е што Бугарската страна мисли дека сто проценти од вистината е на нејзина страна и смета дека македонската страна треба само да ги препише бугарските уцебници, а македонската страна се користи со некои модерни теории за да избега и од тврдо установените и познати факти за минатотото кои се битни да ги разгледаме како општа или заедничка историја…
Според него историјата не може да се избрише, не е добро да се селектира но најлошо е кога се злоупотребува.
– Затоа треба да се каже јасно дека април 1945 година како егзекутор на Кралска Југославија Адолф Хитлер бил многу популарен во Вардарска Македонија и јасно да се каже дека Бугарија е одговорна за депортацијата на македонските и беломорските евреи.
Да се каже јасно дека во време на Првата светска војна, од 1915 до 1918 година, Вмро дејствува заедно со Бугарската армија и ако е окупирана Битола тогаш Ѓорче Петров е окупаторот, кој понатаму откако Бугарите го изгубиле овој град станува кмет на Драма. Исто е и со македонската левица, десница, со Влахов, Протугеров, Тодор Александров. Треба да се каже јасно и дека од 41 година ситуацијата е сосема поинаква. Идејата за независна Македонија станува популарна и оттаму почнуваат проблемите на бугарската администрација кога е очигледно дека помеѓу двете светски војни започнало да созрева македонското чувство кое се развива во текот на Вторта светска војна. И со крајот на војната Бугарија не може да разбере дека Македонците сакаат да имаат сопствена држава, со сопствен јазик кој ќе биде службен и ние тука треба да се разбереме и да се каже јасно вистината и за Првата и за Втората светска војна јасно – рече Дечев.
Бугарскиот професор нагласува дека периодот на Ѓеорги Димитров е многу чувствителен за Бугарија и во тоа време уште имало плуразлизам и опозиција. Тодор Павлов ден пред предавање на коските рекол дека Гоце Делчев со одлуката да го подржи Илинденското востание станал жртва на врховистите. И втората негова грешка оти бил свесен и знаел за идеите на Крсте Мисирков, но никогаш не го поткрепил во заложбите за градење на посебен Македонски јазик, култура, книжевност, литература. Историјата е многу посложена затоа што двете грешки што ги пронашол Павлов во револуционерната дејност на Делчев се одразиле на делувањето на организацијата и во истото време идеите на Крсте Мисирков не биле прифатени од македонските револуционери и од Вмро. Тоа не се разбира и кажува во македонскиот историски наратив, а ако тоа се каже дијалогот на Македонија и Бугарија би бил многу полесен.
За Дечев тешко е да се утврди што е побитно во тој двоен идентитет на Гоце Делчев. Дали неговото изјаснување за Бугарин или неговата политичка дејност за македонската кауза и разбирањето на Макеодонија како татковина.
– Павел Шатев во спомените „Македонија под ропство“ пишува дека затворените револуционери во солунскиот затвор биле поделени за незвисна држава или со Бугарија и дека уште се гледаале како Бугари, но кажувале: „Јас сум Бугарин но многу поважно е што сум пред се македонец“. Ние не можеме сега да го прашаме Делчев како се чувствувал, што мислел и дали би се потпишал зад тие зборови, но битно е заедно да го славиме и чествуваме, без разлика колку тој е важен или не за Бугарија, тој е и нивни херој – потенцира Дечев.
Бојко Борисов импровизираше со историјата со некое природно чувство да бара помирување и надеж за решавање на проблемот со Македонија, но кон крајот на мандатот остави по ова прашање да доминира Вмро на Каракачанов и стана зависен од коалициониот партнер и како резултат на таа политика се случи ветото, е коментарот на Дечев на изјавата на поранешниот бугарски премиер дека Гоце Делчев е бугарски револуционер и македонски војвода.
Професорот Стефан Дечев проблемите на бугарската историја ги лоцира во шеесетите години на минатиот век.
– Тогаш бугарскиот историски расказ го премолчува политичкиот сепаратизам на револуционерите во Македонија. Останува сокриен фактот дека и со Тито и без Тито народот на крајот на војната сакал сопствена држава и нација. Бугарската опција тогаш е маргинализирана и се крие вистината дека конфликт имало меѓу едни и други Македонци. Тито имал само улога во дефинирањето на правилнит начин како во таа Југославија да се биде Македонец – вели Дечев, кој додава дека последните години и покрај стереотипите расте бројот на тие што се солидаризираат со Македонија наспроти бугарската политика, иако поради претстојните парламентарни и претседателски избори не верува дека во јуни ќе падне ветото за Европа.
Објавено на: 06/5/21 3:49 PM