Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на покана на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска ќе отпатува за Истанбул, каде што вечерва ќе има работна вечера со претседателот Ердоган.
Се очекува да се разговара за повеќе области од заеднички интерес, како економијата, трговијата, здравството, како и за други теми од заеднички интерес.
Премиерот Заев на работната вечера со претседателот Ердоган ќе биде придружуван од министерот за здравство Венко Филипче.