Македонија испраќа економски советник во Софија, нема договор за содржината на Патоказот сo Бугарија – ММС
ММС

Објавено на: 06/5/21 11:25 AM

Македонија испраќа економски советник во Софија, нема договор за содржината на Патоказот сo Бугарија

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи во Гевгелија ја соопшти новата вест дека во првата група на економски советници, еден наш претставник ќе замине во Софија, Бугарија.

На прашањето за споменуваниот Патоказ, документ подготвен од Португалското претседателство за продолжување на дијалогот со Бугарија, Османи рече дека се работи на нег.

-Работиме на содржината на Патоказот.  Каде ќе биде, тоа е работа на ЕУ во заштита на европскиот процес.Но, нам ни е најважна содржината. Се’ уште немаме постигнато договор за таа содржина. Не можам да потврдам дека ќе постигнеме договор до 22-ри. Шансата ја гледаме на Самитот на ЕУ на 22 јуни, но ова го велам без намера да ги кренам очекувањата на јавноста,рече министерот Османи.