Опозицијата и власта се здружија – Советот на Охрид не е надлежен за плажите – ММС
ММС

Објавено на: 06/5/21 9:10 AM

Опозицијата и власта се здружија – Советот на Охрид не е надлежен за плажите

По барањето на охридските угостители да се закаже вонредна седница, на која ќе се расправа за нивниот статус, а по препораките на УНЕСКО, Советот на Општина Охрид соопшти дека не може да свика итна седница. И власта и опозицијата здружено во соопштение, одговорија дека ниту пак може да донесе одлука во врска со барањата на Охридскиот еснаф на угостители. Во барањето, угостителите инситираат на итно сопирање на уривање на плажите пред туристичката сезона, додека локалите да добијат времено регулирање.

-На состанокот детално беше разгледано барањето на здружението и сите предложени точки за расправа, по што од страна на двете советнички групи беше донесен заеднички заклучок дека Советот на Општина Охрид нема ингеренции да расправа по ниту една од предложените точки во барањето. Двете советнички групи го застапуваат ставот дека не постои правна и законска претпоставка за свикување и одржување на итна седница врз основа на вакво барање, ниту пак советот може да донесе одлука во врска со предложените точки, стои во соопштението на советничките групи на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

Сепак, советниците објаснија дека градоначалникот Константин Георгиески и Општина Охрид ја имаат нивната целосна поддршка  да постаспоред законските ингеренции почитувајќи го принципот на неселективност.

На крај советниците нагласуваат дека нема дилема дека Охридскиот регион треба да го задржи статусот на Светско природно и културно наследство на УНЕСКО. При тоа,  ги повикуваа сите надлежни институции да постапуваат во согласност со своите надлежности во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО.