Штипјанец уапсен затоа што во два наврати пукал во група граѓани – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/21 4:08 PM

Штипјанец уапсен затоа што во два наврати пукал во група граѓани

Деветнаесет годишен штипјанец е уапсен затоа што со огнено оружје од својот автомобил во движење пукал во група граѓани кои што стоеле пред продавница.

По направената истрага и изјавите земени од повеќе лица, од слобода е лишен Е.А.

„На 03.06.2021 полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Е.А.(19) од Штип затоа што во два наврати, на 02.06. и 03.06.2021 пред продавница на ул.„Черења“ во Штип, каде била насобрана поголема група на граѓани, од неговото патничко моторно возило „ауди“ без регистарски ознаки од огнено оружје испукал неколку куршуми,“ информираат од Полицијата.

Во врска со случајот на службен разговор се повикани повеќе лица, а  запознаен бил и Јавен обвинител и се работи на целосно комплетирање на случајот, по што против Е.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.