(Видео) Ниту Бин Ладен, ниту Гадафи – Ракун ја натера војската на САД да бега во паника – ММС
ММС

Објавено на: 06/4/21 2:29 PM

 (Видео) Ниту Бин Ладен, ниту Гадафи – Ракун ја натера војската на САД да бега во паника

Воените сили на САД досега извршиле многу тешки операции, но се чини дека еден од најголемите проблеми досега им го создаде еден ракун кој ги натера панично да бегаат.

Американскиот магазин „Задачи и цели“ објави видеоснимка која стана брзо популарна на социјалните мрежи, односно на ТикТок за кратко време собра 1,7 милиони лајкови и неброени коментари.

На видеото се гледа група на американски војници кои од оклопно возило „Страјкер“ настојуваат да го избркаат ракунот кој бегајќи од војниците се сокрил токму таму. Наизглед едноставната операција се претворила воголем проблем.

Со оглед на тоа дека ракуните се природно агресивни животни, на снимката се гледа како еден од војниците држи бејзбол палка во случај да употреби самоодбрана, а друг му довикува: „Зад тебе!“.

Двајцата војници кои немаа страв влегоа во возилото, настојувајќи ракунот да го уловат со голи раце за да го преместат на сигурно, но препрашеното животно ги натера во бегство, што на социјалните мрежи беше коментирано како “контраофанзива“.

„Повлекување“, “Ќе добијат ли награда за храброста“, „Овие војници не се повлекоа, само заминаа во различни правци“, се некои од бројните реакции на Твитер. Дел од корисниците водеа дебата дали се работи на ракун на кинеските или руските разузнавачки служби.

Извор и фото: rs.n1info.com

Видео: Youtube