Вчера во 10.15 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, патничко моторно возило „пежо боксер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано до М.Б.(26), удрило во пешакот Н.К.(78) од Скопје и го напуштило местото, но подоцна бил пронајден, известуваат од МВР.
Н.К. била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.