Бугарија зборува за гаранции, имаме и ние. Со овие зборови премиерот Зоран Заев одговори на новинарско прашање и при рече дека тие гаранции се за добробит на сите. Според него, тоа е уште поефикасна реализација на Договорот за добрососедство.
Заев ги наброја – побрза изградба на железницата, од страна на Бугарија реализација на преминот Клепало, како и поинтензивна соработка меѓу институциите на двете земји, а рече и дека има сеум нови инвестиции од Бугарија.
-Мене ми е важно да се охрабрат и како техничка влада можат да донесат решение. Тоа го очекуваме. Но, едно знам дека треба да работиме, одговори Заев.
На прашањето кои се гаранциите, македонскиот премиер кажа дека може да се препознаат кога ќе има рокови и конкретни активности. Во одно на понудениот нон пејпер од Португалското претседателсктво, Заев рече дека треба да бидеме среќни поради ангажманот и е одлична појдновна основа за постигнување договор.
-За нас се знаат нашите страни – македонскиот јазик и народ и иднтитет, за што не сакаме документ да погледнеме а не да преогвараме. И тоа им е јасно на сите. Кога разговараме со соиседите, со Бугарија и тие ја прифаќаат реалноста. Но, важно е како се формулирани ставови. Верувам дека двајцаѕтѕа министри можат да ги услогласат ставовите и да се донесе одлука пред 22 јуни пред состанокот на Советот на општи работи, изјави Заев, кој рече дека е оптимист дека може да се реши.