Роденденско изненадување за Мрме – Фудбалерите му подарија луксузен часовник на селекторот Игор Ангеловски – ММС
ММС

Објавено на: 06/3/21 12:07 PM

Роденденско изненадување за Мрме – Фудбалерите му подарија луксузен часовник на селекторот Игор Ангеловски

Македонските фудбалски репрезентативци му приредија вистинско изненадување на селекторот Игор Ангеловски кој вчера го прослави 45-от роденден.

Популарниот Мрме го дочека својот роденден во фудбалска атмосфера, односно во хотел со играчите во еден неверојатен амбиент. Што би посакал повеќе еден тренер од тоа да го дочека роденденот во услови кога го подготвува тимот за првиот настап на Европските првенства.

Ангеловски беше изненаден од фудбалерите кои со поддршка со старата гарда „Комити“ му подарија часовник од луксузниот швајцарски производител „Tissot“.

„Дечки, Ви благодарам за честа и подарокот, но јас и сите навивачи на македонската фудбалска репрезентација од вас го добивме највредниот подарок – Еуро 2020. Ве сакам. Благодарност и до стара гарда „Комити“, објави Игор Ангеловски на Фејсбук.

 

 

О.К.