Која е причината што дел од граѓаните се уште не го добиле повратот на ДДВ од апликацијата „МојДДВ“ – ММС
ММС

Објавено на: 06/3/21 10:57 AM

Која е причината што дел од граѓаните се уште не го добиле повратот на ДДВ од апликацијата „МојДДВ“

Техничко доусогласување е причината за доцнењето на повратот на ДДВ од апликацијата „МојДДВ“ кај мал дел од граѓаните, информираше денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Лукаревска вели дека за првото тримесечие, заклучно со вчера, исплатени се 313.473 граѓани, корисници на апликацијата „МојДДВ“, а останат е мал процент граѓани кои не го добиле повратот.

– Имавме одредено технично доусогласување бидејќи внимаваме да не ја направиме истата грешка, да не се случи двојна исплата како што имавме минатиот пат. Така што навремено како и досега ќе биде вратен повратот преку „МојДДВ“, рече Лукаревска.

Таа апелираше граѓаните да ги ажурираат своите трансакциски сметки со цел УЈП редовно да ја завршат исплатата.