Повик до Обвинителството да го испита случајот со рекет во РЕК Битола,побара опозициската ВМРО ДПМНЕ, и посочи на фирмата „СВ Инвест” која, според партијата, е клучна во овој случај и важи за многу блиска до Вице Заев.
-„СВ Инвест” отвора мистериозно брзо стечајна постапка, извесно време откако е спомената во пријавата до МВР за изнуда на 250 илјади евра.Повторно прашуваме дали сопственикот на оваа фирма, лицето Столе Чифлигароски, исто така близок до Вице Заев, во меѓувреме ја напуштил државата и дали останал должен кон државата речиси 2,5 милиони евра даноци? Потсетуваме дека оваа компанија и нејзиниот сопственик беа посочени од страна на фирмата која го пријавила случајот за изнуда како чинителот на кој треба да му се отстапи дел од бизнисот или на која треба да и бидат уплатени 250 илјади евра, доколку изнудуваната фирма сака да продолжи да работи во РЕК Битола. Во оваа пријава се споменуваат и тогашниот директорот Ковачевски, Вице и Хотелот „Парк” во Струмица, реагира ВМРО ДПМНЕ.