Пожар избувна во куќа која се наоѓа на самиот почеток на населбата Радански пат во Штип.
Нешто после 14:30 на терен излегоа две возила на штипската Противпожарна единица со осум пожарникари, а набрзо дојде и полиција.
Пожарот е локализиран, а како што не информираа пожарникарите од лице место, избувнал во внатрешноста на куќата, додека внатре немало никој.
Причината за пожарот се уште е непозната, пожарникарите чекаат потврда од ЕВН, но најверојатно куќата не била приклучена на струја.
Соседите кои беа собрани околу местото рекоа дека човекот чијашто е куќата, често престојувал на друго место, па велат дека најверојатно ниту сега не е тука.