Вчера околу 17:35 минути медицинското лице В. Ѓ (51), вработена во струмичката болница пријавила во полицијата дека била физички нападната од Е. Џ.
За настанот денес информираа преку соопштение од СВР Струмица. Портпаролката Александра Трајанова појасни дека не дошло до поголема физичка пресметка, туку нападнатата пријавила дека била турната од пациентот, кој во болницата дошол со своето дете.
Од полицијата додаваат дека по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
МИА