Европскиот првак Челзи одлучи да се засили и да го направи најсилниот тим на светот, додека поразениот во финалето на Лигата на шампионите, Манчестер Сити сака да направи драстични промени во тимот и да продаде голем број на фудбалери.
Пеп Гвардиола поради поразот во финалето побесне и одлучи да го искасапи тимот па дури осуммина фудбалери ги стави на трансфер-листата.
Шпанскиот стратег ќе ги слуша понудите за дури четворица кои играа во финалето – Рахим Стерлинг, Ријад Марез, Бернардо Силва и Габриел Жесус, додека од оние кои не играа, Гвардиола не смета на Бенџаман Менди, Емерик Лапорт, а сака да се одрече Жоао Кансело и Родри.
Сите тие би можеле да го напуштат „Етихад“ ова лето, но причините се различни. Жесус и Лапорт не се задоволни од минутажата, кај Стерлинг и Марез истекуваат договорите и тие не сакаат да ги продолжат, продажбата на Силва ќе донесе пари, а Менди едноставно нема квалитет за Сити.
На тимот му се потребни пари за да донесе нови фудбалери. Гвардиола се „запали“ за Хари Кејн кој додуша е баран и од богатиот Челзи, додека подолго време се интересира и за Џек Грилиш од Астон Вила, но домашните фудбалери чинат многу.
Претпоставка е дека Сити само за нив ќе мора да издвои повеќе од 200 милиони евра.
Откако е во Сити, Гвардиола за пет сезони потроши 924 милиони евра на купување нови фудбалери.
Извор и фото: Mondo.rs