За денеска најава на променливо облачно и свежо време со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Според УХМР, ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, а температурата ќе биде под просекот за овој период од годината.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната од 15 до 24 степени.
Во Скопје променливо облачно, со попладневен повремен пороен дожд. Минималната температура ќе биде околу 9, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Стабилизирање на времето со пораст на температурата на воздухот следува од утре.